16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Десетици мртви, меѓу нив има и деца, напад над автобус во Јемен

Десетици луѓе, а меѓу нив има и деца, беа убиени при воздушен напад во северниот дел на Јемен, објави Меѓународниот црвен крст.

Бунтовниците за смртоносниот напад ја обвинија Саудиска Арабија.

„Десетици мртви, и неколкумина повредени, главно деца под 10-годишна возраст”, објави на Твитер шефот на Црвениот крст во Јемен, Јоханес Бруер.

Локалните жители посочила дека во автобусот имало ученици кои тргнале на па за летна школа.

Но во близина на градот Дахјан во провинцијата Садаи, биле погодени од раке.

Саудиска Арабија и нејзините сунитски сојузници веќе три години водат борби со проиранските Хути, кои имаат контрола над поголемиот дел од северен Јемен, вклучувајќи го и главниот град.

Саудиската коалиција досега нема дадено никаков коментар за инцидентот.