15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ГДУ: Еден од основните меѓународни стандарди за добар изборен процес и за референдум е точноста на Избирачкиот список

Граѓанско демократската унија преку соопштение побара од Државната изборна комисија да се заангажира и да го реши проблемот со Изборачкиот список.

„Еден од основните меѓународни стандарди за добар изборен процес и за референдум е точноста на Избирачкиот список, односно довербата во него од страна на учесниците, а пред сé од граѓаните. Во последниве неколку изборни процеси, довербата во Избирачкиот список беше сè помала и помала и покрај сите капацитети ставени на ДИК и помошта од голем број странски експерти“, велат од ГДУ во своето соопштение.

Во јавност веќе се зборува дека со над 1.820.000 запишани гласачи списокот е нереално голем и истиот е поголем од оној за последните локални избори кога право на глас имаа 1.814.000, додаваат од партијата во своето соопштение.

„Но како да бидеме сигурни дека Избирачкиот список нема да се спомене непосредно пред референдумот или по референдумот со цел да се оспори? И воопшто како да бидеме сигурни дека тој е точен, само затоа што во моментов никој не го спори?“, прашува партијата преку своето соопштение.

Од Граѓанско демократската унија велат за да нема сомнежи и недоразбирања, да нема отворени прашања во јавноста, ДИК треба да излезе и јавно да соопшти каков е списокот, и дали додека немаше членови највисокото изборно тело Избирачкиот список редовно се ажурирал?

Од партијата додаваат, обврска на ДИК е да ја увери јавноста дека имаат капацитет да ги отстранат недостатоците кои се провлекуваат со години.

Од ДИК очекувавме , стои во соопштението на ГДУ, кога ќе бидат избрани веднаш да се зафатат со ова прашање, но за жал не слушнавме и не видовме дека многу се ангажирале околу Избирачкиот список.