15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонец меѓу протераните поради тероризам во Италија

Италија протера четворица лица осомничени за тероризам, од кои еден е Македонец на возраст од 39 години, додека другите се од Косово (37), Франција (28) и Тунис (45), пренесуваат албанските медиуми.

Како што велат медиумите, тие се потерани затоа што претставуваат закана за безбедноста на Италија.

Да потсетиме, еден македонски државјанин претходно беше осуден за насилство во Сиена и беше под полициски надзор, а припаѓаше на паравоена организација вмешана во балканските конфликти.