20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Десет илјади луѓе се евакуирани од Ломбок

Повеќе од 10 000 луѓе, вклучувајќи и голем број туристи, беа евакуирани од островот Ломбок во Индонезија по катастрофалниот земјотрес што го погоди овој остров.

https://www.youtube.com/watch?v=afUp1-IXHwo
Како што објави Би-Би-Си, околу 1 000 туристи од блискиот остров Гили претходно биле евакуирани со помош на чамци.

Бројот на загинати постојано се зголемува, според последните податоци повеќе од 90 лица го загубија животот, а повеќе од 200 лица се повредени.

По синоќшниот земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, илјадници луѓе ги напуштија своите домови и ноќта ја минаа под отворено небо.

Ова е втор силен земјотрес во оваа област за само едена недела.

Спасувачките екипи продолжуваат со својата потрага, оттаму соопштуваат дека првичната слика што ја затекнале по земјотресот била страшна, насекаде имало разурнати домови, мостови, голем број од патиштата се оштетени.