7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Горештините ја покосија Европа: Финците спијат во продавници со клима

Во Унгарија, освен со топлината, се борат и со сушата што доведе до многу ниско ниво на водата на Дунав, а прегреаните езера во Германија доведоа до помор на рибит..

По дождливиот јули, август во Европа донесе топлина која понекогаш може да се нарече и екстремна. Така е пред сè во Шпанија и Португалија, каде што дневните температури не се спуштаат под 40 степени, а и северниот дел на континентот исто така се мачи со горештини.

Триесет во сенка, тоа особено тешко им паѓа на Финците, бидејќи таму во текот на летото температурата е за десет степени пониска. Повеќето луѓе немаат клима-уреди во домовите и становите, па затоа се принудени да се ладат на некои други места.

Едно од нив е и синџирот продавници К-супермаркет, кој преку „Фејсбук“ покани 100 свои клиенти да преспијат кај нив и така полесно да ги поминат неподносливите горештини.

Спонзорирано: