14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминални тендери, провизии и расипништвo

Поради децениското криминално владеење, партијата што стана најбогата во Европа на грбот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, провизии, наместени тендери и расипништво.Политички формирани компании и доделување на тендери на фирми блиски до власта беше одлика токму на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши.Бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од таквото криминално владеење, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката апртија, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со степенот на транспарентност на владата предводена од СДСМ. Опозициската партија измислува наводни скандали онаму кадешто ги нема за да го покрие деструктивното работење против македонската иднина. Креираат невистини со цел да ја манипулираат македонската јавност. Компанијата која портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја спомена,ниту земала, ниту ќе земе средства од Фондот за иновации и технолошки развој.

,,Денеска тендерите и јавните набавки се распишуваат преку јасно дефинирани и транспарентни критериуми, се обезбедуваат еднакви услови за сите, а се избираат компании кои ќе испорачаат најдобар квалитет по најниска цена.Владата предводена од СДСМ работи отворено, одговорно, штедливо и презема видливи активности за избегнување конфликт на интерес”, се додава во реакцијата.

Спонзорирано: