17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТSHOWBIZИЗБОР

Познатиот музичар доживеа срцев удар – итно е префрлен во болница

Микис Теодоракис, еден од најпознатите грчки композитори, автор на музиката за култниот филм „Гркот Зорба” беше хоспитализиран по срцев удар, но не е во животна опасност, соопшти грчката новинска агенција АНА.

Теодоракис (93) „во петокот беше пренесен во болница во Атина откако се пожали на остра болка во градите и на неправилен срцев ритам”, вели АНА.

Лекарите соопштија дека Теодоракис не е во животна опасност, но поради неговите години медицинскиот персонал се уште е претпазлив.

Музичкиот опус на Теодоракис се состои од ораториуми и симфонии, но отсекогаш најмногу го привлекувала традиционалната грчка музика.

Тој се смета за важна личност во грчкиот политички живот. Како член на движењето на отпорот за време на нацистичката ера и Граѓанската војна во Грција, а по Втората светска војна и како борец против воената диктатура 1967-1974, тој беше прогонуван, затворан и мачен. Неговата музика во Грција беше забранета некое време. Во 1974 година се вратил во демократска Грција и оттогаш е еден од креаторите на нејзината политика.

Роден е во 1925 година на грчкиот остров Иос.

Спонзорирано: