11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање на познатото летувалиште – на мета автобус полн со туристи

На патот Котор-Рисан вчера околу 14 часот пукано е во комбе на агенција што превезува туристи, објави порталот Cdm.me.

Ова го тврди сопственикот на агенција во Дубровник.

На минибусот со дубровничка регистрација се скршени задните прозорци, наведува порталот.

Сопственикот на минибусот вели дека никој не е повреден. На минибусот некој пукал од една тераса во зграда што се наоѓала покрај главниот пат низ кој минувале, а на која две момчиња од 18-ина години скокале со кренати три прста и пукале во минибусот.

Которската полиција соопшти дека не се запознаени со инцидентот, и никој досега не го пријавил.

Сопственикот на минибусот тврди дека случајот го пријавил на првата полициска патрола што ја сретнал во Суторини.