17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Корупциски скандал го тресе словенечкото здравство, обвинети 15 лица

Корупциски скандал го тресе словенечкото здравство. Специјално јавно обвинителство во Словенија покрена обвиненија против 15 лица и една компанија поради поврзаност со корупциски скандал во здравствениот систем во земјата.

Меѓу обвинетите за овој најголем корупциски скандал во Словенија се осум познати лекари, членови на нивните семејства и претставници на фармацевтската компанија.
Надлежните се сомневаат дека најмалку петмина од осомничените зеле големо количество пари како мито, а поединци и суми поголеми од 100.000 евра.

Обвинителството тврди дека осомничениот производител на медицинска опрема и уреди, како и неговите посредници, во цените на производите вметнувале и посебни провизии, во висина од пет до 20 отсто од цената, кои биле наменети за исплата на лекарите.

Истрагата за случајот започнала во 2013 година. Во меѓувреме биле извршени претреси на 58 локации во Љубљана, Цеље, Марибор, Копер и Ново Место, при што се пронајдени скриено злато и пари.

Спонзорирано: