5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За 3 дена, 24 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 24 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 11 со лесни телесни повреди и 11 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 15 лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 185 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 60 возачи од кои: 14 возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол и 46 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и 44 возила бидејќи биле нерегистрирани и исто толку возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани биле девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и 14 возачи поради неносење заштитен шлем (кацига). Покрај ова, санкционирани се и двајца пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатте денови издадени се 129 мандатни платни налози, додека 87 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Спонзорирано: