13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Шефицата на „Пепси“ се пензионира

Индра Нуџи, долгогодишна извршна директорка на компанијата „Пепси“, се повлекува од челната позиција на тој гигант во производството на пијалаци и храна.

Компанијата соопшти дека новиот директор ќе биде Рамон Лагуарта.

Нуџи (64) во Пепси беше 24 години, од кои 12 на челна позиција, што е извонреден успех за некој во компанија со толкава големина, а особено за жена, според „Асошиетид прес“. Нуи ќе биде на чело на компанијата до почетокот на следната година.

Лагуарта (54) е во Пепси веќе 22 години на различни позиции. Во моментов е претседател и ги надгледува глобалните операции, корпоративната стратегија, односите со јавноста и владата. Тој претходно беше директор за Европа и Супсахарска Африка.

Спонзорирано: