17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОРТОП ВЕСТИ

Мадуро: Десничарите од Колумбија и Флорида стојат зад нападот

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рекол дека го преживеал нападот благодарејќи му на Бога, народот и вооружените сили. За обидот за негово убиство, Мадуро ја обвини Колумбија и американската држава Флорида, каде живеат во егзил бројни жители на Венецуела, десничар, кои според Мадуро кројат заговор за негово убиство.

Мадуро за нападот го обвини колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос и тамошните десничари.

„Се укажува на тоа дека десничарите, венецуеласките ултрадеснаичари, заедно со колумбиските ултрадесничари, како и Хиан Мануел Сантос стојат зад овој обид за убиство“ рекол Мадуро, пренесе Тас.

Венецуелскиот претседател порача дека има целосна доверба во својата држава и нејзините вооружени сили. Според него, неколкумина организатори на нападот се уапсени, но не откри повеќе детаљи.