17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Тешко повредено 13 годишно девојче: Детали за ужасот кај село Пирава

Тринаесет годишно девојче од Струмица е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила с.Пирава, кога автомобилот во кој се возело деовјчето се судрил со друго возило.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 44-годишен струмичанец, кој заедно со девојчето биле сопатници во едното возило. Двајцата поради сериозноста на повредите биле итно препратени од Јавната здравствена установа Гевгелија во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле и Г.И.(46), С.И.(45), А.А.(45), М.А.(23) и А.А. сите од Струмица и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Со телесни повреди се здобила и 17 годишна сопатничка, која по укажаната лекарка нега, била пуштена на домашно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Валандово и се работи на целосно расчистување на случајот.