3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Фаталниот ден кога загина Пол Вокер: ’Доби порака и истрча’

За неколку дена ќе биде објавен документарен филм за животот на покојниот актер Пол Вокер. Во филомот „I Am Paul Walker“ зборуваат неговите најблиски соработници, пријатели, а посебно емотивен разговор авторот објавил со неговата мајка Шерил. Таа открила како изгледал неговиот последен ден.

Шерил открила дека Пол планирал вечерта да ја помине со ќерката со која требало да ја украси елката.

– Седевме опуштено во куќата, а нему одеднаш му стигна порака. Ја прочита и рече: „Боже, заборавив дека вечерва имам нешто друго“. Потоа истрча и замина на хуманитарен настан. Никогаш не се врати, раскажала Шерил.

Во филмот се зборува за тоа како тој бил посебен, многу повеќе од обична филмска ѕвезда.

– Беше феноменален човек. Добив многу писма со поддршка од неговите фанови, кои зборуваа дека им ги променил животите. Многу луѓе го сакаа и никогаш нема да го заборават, тоа е благослов за мене, додала мајката на актерот, кој загинал 2013 година.

Спонзорирано: