20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме во Скопје – дрво падна врз жена, итно пренесена во болница

Вчера во 15:35 часот било пријавено дека позади Марков Манастир до Маркова Река има повредено женско лице.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за 55-годишната В.С. од Скопје. Таа со нејзиниот 25-годишен син Д.С. седела до Маркова Река.

Околу 14.30 часот почнало да врне и дува силен ветар, при што паднало дрво врз В.С. и таа паднала во реката.

Од страна на нејзиниот син и други граѓани дрвото било тргнато, а В.С. била извадена до реката.

Поради здобиените повреди таа била префрлена во Ургентен Центар при клинички центар „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: