12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Второ прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во наредниот период ќе се изврши втората фаза од прскањето против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје.

„Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци ќе се изврши на 6.08.2018 (понеделник), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци ќе се изврши на 7.08.2018 (вторник), во текот на денот“, соопшти градот.

Оттаму додаваат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Спонзорирано: