18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поранешен директор на ЈП „Македонски шуми“- Струга заработи кривична пријава

Поднесена е кривична пријава против поранешниот директор на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство Јабланица, Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од МВР, пријавениот, Ж.П., како директор на ЈП „Македонски шуми“ Струга, на приватна фирма од градот за период од шест месеци ѝ отстапил на користење три објекти во сопственост на јавното претпријатие, без да биде наплатен надомест за користење на објектите.

Додека во меѓувреме пријавениот склучил и договор со истата фирма за испорака на буково огревно дрво во вредност од над 400 000 денари, и притоа, според сознанијата на МВР, без да биде извршена уплата од страна на купувачот.

Со овие дејствија тој му нанел материјална штета на ЈП „Македонски шуми“ во износ од 1 499 241 денари.