14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Видео за кое зборува регионот: Момче од Србија запали автомобил со порака до властите (Видео)

Видеото кое Џорџе Милановиќ од Србија го поставил на својот Фејсбук профил предизвика бура од реакции на оваа социјална мрежа.

Незадоволството од состојбата во која младите се наоѓаат овој човек го покажал така што својот автомобил го запалил на ливада.

Како што наведува, овој човек е незадоволен од економската и социјалната ситуација. Го прозива актуелниот претседателот на Србија Александар Вучиќ и им порачува на младите да завршат медицински факултет и да учат германски за да си заминат од државата. Додава дека не е чудно што младите си одат, кога власта ги брка.

Погледнете го видеото во кое овој млад човек го полива со бензин својот автомобил и го пали.