18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Опожарени две возила на различни локации во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа биле опожарени две возила во Скопје.

Првиот случај бил пријавен во 2:30 часот по полноќ, кога на улицата Фуштанска во населбата Ченто било опожарено паркирано патничко моторно возило од марката „шевролет авео“ во сопственост на Т.И. (64) од Скопје.

Вториот инцидент бил регистриран во 3:40 часот. Во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата Ѓуро Ѓаковиќ во Центар имало опожарено патничко моторно возило „мерцедес Ц 220“ сопственост на Ш.Н.(70) од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.