14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Почнува судењето на шефот на предизборната кaмпања на Трамп

Првото судење на специјалниот американски обвинител, Роберт Мјулер, во врска со истрагата за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД од 2016 година започнува денеска со Пол Манафорт, поранешен шеф на претседателската кампањата на Доналд Трамп, кој е обвинет за прикривање десетици милиони долари заработени во Украина што ги префрлил на офшор-сметки, односно ги мамел банките кога подигал кредити.

Манафорт ќе стане првиот поранешен асистент на Трамп што ќе се појави пред суд за банкарска и даночна измама врз основа на обвиненијата што произлегуваат од истрагата за вмешаноста на Москва во изборите од 2016 година.

Иако судењето ќе се фокусира на финансискиот криминал, може да биде и политички штетно поради обемната медиумска покриеност и написите за човекот што три месеци ја водеше кампањата на Трамп, а во јуни 2016 година бил на состанок со Русите кои нуделе инкриминирачки информации за ривалката на Трамп, Хилари Клинтон. Токму овие моменти беа во центарот на 14-месечната истрага на обвинителот Роберт Мјулер.

Манафорт (68) се соочува со 18 точки од обвинението. Тој ги отфрла сите обвиненија и наведува дека не е виновен. Манафорт заработил повеќе од 60 милиони долари за лобирање за поранешната проруска влада во Украина и најголем дел од тој износ не го пријавил.

Спонзорирано: