3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чудо: Се урна авион со сто патници, нема мртви

Над 80 патници се повредени при уривање на авион на компанијата „Аеромексико“, непосредно по полетувањето од мексиканскиот град Дураго. Во моментот кога се случила несреќата во авионот од типот „Ембраер 190“ имало 97 патници и четворица членови на екипажот.

Гувернерот на Дураго, Хозе Росас Аиспуро информира дека по несреќата биле хоспитализирани 49 лица од авионот, од кои две се наоѓаат во критична состојба.

Претставник на аеродромот во Дуранго ги посочи лошите временски услови како причина за падот на авионот.Кога се случила несреќата паѓал силен гради и имало големи електрични празнења, што најверојатно се причина за падот на авионот.По падот, авионот кој летал од Дуранго кон Мексико Сити, се запалил, но огнот набрзо бил изгаснат.

Спонзорирано: