25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД го испраќаат Метју Палмер на средби со политичкиот врв во земјава

Метју Палмер, вршител на должноста заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, од денеска до 3 август е во посета на Република Македонија. Целта на неговата посета е за да ја искаже поддршката на САД за договорот од Преспа што земјата го постигна со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ.

Палмер ќе се сретне со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии. Тој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.