18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Тесла“ планира изградба на првата фабрика во Европа

Американскиот произведувач на електрични автомобили „Тесла“ планира изградба на фабрика во Европа.

Компанијата преговара со локалните власти во Германија и Холандија во врска со осигурувањето на локациите за фабриката во која ќе се произведуваат електрични возила и батерии.

Тесла веќе има погон во Европа, во Тилбург во Холандија, но се користи само за монтажа на моделите „Модел S“ и „Модел X“.

Првиот човек на Тесла, Илон Маск веќе некое време ја најавуваше првата фабрика за батерии и возила во Европа.

Неколку европски земји започнаа кампања за да ја привлечат „Тесла“ на нивниот пазар.