24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Експлозија на бомба во Куманово – полицијата уапси повеќемина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица осомничени за фрлената бомба во двор од куќа во Куманово. Како што соопшти МВР, кривична пријава е поднесена против С.Т. (49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување” во врска со „предизвикување општа опасност” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, против И.Ш.(53) од село Оризари, општина Липково за сторено кривично дело „поттикнување” во врска со „предизвикување општа опасност” и против С.А. од село Оризари, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“.

На почеток на мај 2018 година во кафе-бар во Куманово првопријавениот С.Т. побарал од второпријавениот И.Ш. да договори со трето лице, за паричен надомест од 1 000 евра, лицето да фрли експлозивна направа бомба во двор од куќата на Д.Г. од Куманово. Потоа, С.Т. на И.Ш. му ја дал експлозивната направа бомба, по што тој му ја дал на С.А., кој на 27.05.2018 година околу 3:30 часот ја фрлил во дворот од куќата на Д.Г.