17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Уапсени двајца мажи во Калифорнија – ограбувале куќи

Полицијата во Калифорнија уапси две лица под сомнение дека ги ограбувале куќите што беа евакуирани поради шумските пожари, а во кои загинаа шест лица.

Весникот „Сакраменто би“ извести дека 25-годишниот Џеј Бол и 19-годишниот Џек Фенин од Рединг се најдени со доказ кој, како што е наведено од страна на полицијата, ги поврзува со неколку грабежи.

Десетици илјади луѓе од Рединг се евакуирани поради пожар во кој се уништени повеќе од 650 куќи.

Портпаролката на калифорниското Министерство за шумарство и заштита од пожар, Лин Толмачов, претходно изјави дека 12 000 пожарникари се борат против 17 шумски пожари во Калифорнија.

Според неа, во оваа американската држава годинава се забележани значително повеќе пожари во однос на истиот период минатата година, но најлошиот дел од сезоната на пожари – допрва доаѓа.

Како што претходно извести Би-би-си, пожарите кои беснеат во калифорнискиот округ Шаста, во комбинација со силни ветрови, формираа „огнени торнада” кои корнат дрва и тркалаат автомобили.

Спонзорирано: