6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовна тепачка меѓу срби и турци во познатото летувалиште – кој фрлаше молотови коктели врз автобусот преполн со срби?

Во познатото турско летувалиште Кушадаси дошло до тепачка меѓу Срби и Турчин, која завршила со фрлање молотови коктели кон автобусот на српските туристи.

Според весникот „Хуријет“, учесниците во тепачката биле уапсени.

Турски државјанин кој бил на одмор во Кушадаси, на 29 јули се судрил со група туристи од Србија кои престојувале во истиот хотел.

Набрзо ситуацијата ескалирала и дошло до тепачка, а весникот наведува дека и двете страни биле под дејство на алкохол.

Персоналот на хотелот ја запрел тепачката, по што Турчинот отишол на бензинска пумпа, каде што направил молотови коктели од две празни шишиња пиво, кои потоа ги фрлил кон автобусот со српски туристи.

Реагирала и полицијата, а турскиот државјанин бил уапсен. Според извештаите на локалните медиуми, во тепачката немало посериозно повредени, а автобусот претрпел минимална штета.

Спонзорирано: