23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Уште ова фалеше: Страшно невреме носеше се пред себе во Грција, ситуацијата се опишува како драматична

Силно невреме ја зафати Атина, поплавувајќи дел од улиците, а жителите на неколку населби останаа и без струја. Дождот траеше кратко, но предизвика вистински хаос. Од снимките објавени на социјалните мрежи можат да се забележат бројни возила како пливаат по улиците, кои наликуваат на реки.

Противпожарната служба добила дури 190 повици за помош од поплавите. До противпожарната служба биле во најголем дел за затнати канализации, но имало и такви за помош при заглавени лица во нивните автомобили.

Затворени се дел од улиците и булеварите во Атина. Грчките медиуми јавуваат се евакуирани две метро станици, една поради прекин на струјата, друга поради насобрано големо количество вода.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, преку официјалниот Твитер профил, објави упатства до граѓаните да бидат особено внимателни за време на екстремните временски услови и да избегнуваат движење во деловите зафатени од невремето.