26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утре сончево време, а од понеделник нови промени – еве што прогнозираат синоптичарите

Утре во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 24 до 34 степени.

Од понеделник продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината.