26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна авион во Швајцарија, има 4 мртви

Четворица патници во мал авион загинаа во несреќа при удар во врв на глечер на швајцарските Алпи. Станува збор за туристички лет, информираше полицијата.

Авионот од типот ,,робин” се урнал вчера околу 16.45 часот на висина од 3.000 метри, на околу 150 метри под превојот Дунанд.

Авионот полетал попладнето од аеродромот Сион. Спасителите интервенирале штом дошле известување за несреќата, но ги пронашле само мртвите тела на пилотот и тројцата патници.

Загинатите патници се уште не се официјално идентификувани. Во тек е истрага за несреќата.