26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Сакала да им избега на полицајците, а потоа следел таков страшен судир што испаднала од возилото (Видео)

Британи Никол Џефордс (22) направила сообраќаен прекршок во Јужна Каролина, меѓутоа, одбила да запре, па следела вистинска филмска потера.

Полицијата објавила снимка на која се гледа потерата по 22-годишната девојка, а на крај е забележан и катастрофален судир.

Кога одбила да го запре возилото, накратко постапувала по полициските барања на блискиот паркинг, каде полицајците успеале да го уапсат нејзиниот сопатник.

Токму во тој момент, девојката „удрила на гаста“ и избегала. Меѓутоа, кога полицискиот автомобил закочил, џипот кој го возела девојката се испревртил неколку пати. Девојката во тој момент испаднала од возилото, а по несреќата била префрлена во болница.

Предупредување: Видеото е со вознемирувачка содржина