10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познати деталите за големата трагедија во која загина дете, а неколку се повредени

Десетгодишно дете загина, а две се тешко повредени при пад од импровизирана метална корпа прикачена на трактор. Трагедијата се случила во Велешко. Според полицијата, вчера околу 20 часот во нива лоцирана над крстосницата за село Сливник, покрај пат кој води кон село Рлевци-Велешко С.С. (18) од село Бузалково го паркирал тракторот „ИМТ 542“ со велешки регистерски таблци во кој имало прикачено импровизирана метална корпа во која се наоѓале четири деца две на возраст од 10 години, едно осумгодишно дете и едно петгодишно сите од село Бузалково.

Во еден момент тракторот тргнал во удолнина при што две од децата на возраст од 10 и пет години паднале од металната корпа и се здобиле со тешки телесни повреди. Останатите две деца успеале да излезат и се здобиле со телесни повреди. Три од децата (на возарст од 10, пет и осум години) биле пренесени во Општата болница во Велес, каде од страна на лекар кај десетгодишното била констатирана смрт, додека кај петгодишното дете констатирани биле тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Кај третото (осумгодишно дете) констатирани биле телесни повреди и било задржано на понатамошно лекување во Општата болница во Велес. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.

Спонзорирано: