13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Најслатката работа на светот: Производителот на „Нутела“ бара дегустатори

Италијанскиот производител „Фереро“ нуди најслатка работа на светот, бара дегустатори. „Фереро“ објави оглас во кој бара 90 дегустатори што ќе тестираат чоколадо, какао, лешник и други сирови производи за производство на чоколадо.

Фирмата на заинтересираните им нуди договор на половина работно време. Работата предвидува два работни дена неделно во седиштето на фирмата во Алби. За добивање на работата не е потребно претходно искуство, туку е важно само кандидатите да немаат никакви алергии на храна.

Избраните кандидати кои ќе бидат поделени во две групи се обврзуваат дека до 30 септември ќе посетуваат тромесечен курс, по што на крајот ќе бидат избрани 40 лица за дегустирање чоколадо.

Досега „Фереро“ секогаш користел интерна работна сила, односно вработените ги тестирале производите. Овој пат, фирмата сака да ги праша потрошувачите, без никакви сознанија за состојките на производите. Покрај „нутела“, „Фереро“ ги произведува и „мон шери“, „рафаело“ и „фереро роше“ и „киндер јајца“.

Фирмата има годишен обрт во висина од 10,5 милијарди евра и вработени 30.300 луѓе, а низ светот има 91 ќерка-фирма и 23 производни постројки, фирмата е присутна во 170 земји во светот.

Спонзорирано: