4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Во 2018 загинале 1500 мигранти во Средоземното Море

Петта година по ред најмалку 1500 мигранти загинале во Средоземното Море, а најопасна рута е меѓу Либија и Италија, каде што во просек животот го губи еден од 19 мигранти, предупреди денеска Меѓународната организација за миграција.

Како што наведе, Шпанија регистрирала речиси 21 000 мигранти само во 2018 година, речиси повеќе отколку во текот на цела 2017 година.
Во меѓувреме, шпанската поморска служба за спасување соопштила дека 751 мигрант се безбедно спасени од 52 чамци за спасување, кои од северна Африка тргнале кон Шпанија. Службата навела дека 709 мигранти во 48 чамци преминале преку Гибралтар, 11 од нив се спасени во Алборското Море на исток, а 31 мигрант е повреден во близина на пристаништето Аликанте на исток од Шпанија.

Спасувачки чамци и хеликоптери сè уште трагаат по чамци за спасување. Мигрантите кои бегаат од насилство и сиромаштија преминуваат многу ризичен пат сами или со помош на криумчари.