26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија утрово се разбуди во солзи: Настрадаа деца, едно почина, друго се бори за живот, неколку се повредени

Голема трагедија во Село Сливник се случила синоќа дознава Centar.mk

На 27.07.2018 година околу 20,00 часот било пријавено дека во нива лоцирана над крстосницата за с.Сливник, покрај пат кој води кон с.Рлевци-велешко С.С. (18) од с.Бузалково го паркирал тракторот „ИМТ 542“ со велешки регистерски таблци во кој имало прикачено импровизирана метална корпа во која се наоѓале четири деца две на возраст од 10 години, едно осумгодишно дете и едно петгодишно сите од с.Бузалково, дознава Centar.mk.

Во еден момент тракторот тргнал во удолнина при што две од децата на возраст од 10 и пет години паднале од металната корпа и се здобиле со тешки телесни повреди.

Останатите две деца успеале да излезат и се здобиле со телесни повреди.

Три од децата биле пренесени во Општата болница во Велес, каде од страна на лекар кај десетгодишното била констатира смрт, додека кај петгодишното дете констатирани биле тешки телесни повреди и во критична состојба било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, а третото осумгодишно дете било задржано на понатамошно лекување во Општата болница во Велес.Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.