Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Вртоглав скок на биткоинот

Вредноста на крипто-пазарот го надмина нивото од 300 милијарди долари, додека биткоинот порасна на 8.200 долари, а вредноста на помалите криптовалути скокна во изминатите 48 часа.

Завчера, на 25 јули, цената на биткоинот достигна 8.500 долари, бидејќи дневниот обем на прометот скокна од 3 милијарди на 6 милијарди долари за само неколку часа. Од тогаш, биткоинот се намали за помалку од 4% и се стабилизира на 8.200 долари. Почнувајќи од 26 јули, дневниот обем на прометот на биткоинот останува под 5 милијарди долари.