12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Германија 12 Сиријци уапсени за обид за убиство

Германското обвинителство соопшти дека биле уапсени 12 Сиријци под сомневање дека се обиделе да го убијат својот 19-годишен сонародник нанесувајќи му тешки телесни повреди со нож пред два месеца.

Обвинителството на градот Есен наведува дека нападот очигледно бил предизвикан поради врската на тинејџер со 19-годишна Сиријка мажена за еден од осомничените, објави АП.

Главната обвинителка Бригит Јиргенс рече дека меѓу уапсените, на возраст од 22 до 46 години, се и родителите на сопругот на Сиријката и дека осомничените одлучиле да убијат еден млад човек за да ја одбранат честа на семејството.

Тројца осомничени беа уапсени во мај, шестмина беа уапсени вчера, а тројца сами ѝ се предадоа на полицијата.

Спонзорирано: