14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев-Шараф: Постои голем потенцијал за економска соработка меѓу Македонија и Саудиска Арабија

Премиерот Зоран Заев, денеска, се сретна со Абдулмомен бин Мохамед Шараф, новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Саудиска Арабија за Македонија, со седиште во Тирана.

„На средбата заеднички е констатирано дека постои голем потенцијал за развој на економската соработка помеѓу двете држави. Разговарано е за можноста за потпишување генерална рамковна спогодба, што ќе отвори можност за соработка во повеќе полиња и сектори кои се однесуваат директно на подобрување на животот на граѓаните“, соопштија од Владата.

Заев на средбата рекол дека низ реформските процеси во нашата држава и политиките на пријателства Македонија е блиску до стратешките цели – Европската Унија и НАТО. „По референдумот, тие ќе отворат големи можности за граѓаните на Македонија и на државата, првенствено на економски план, освен за стабилноста и безбедноста на земјата“, рекол Заев.

Спонзорирано: