21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пукање во Скопје среде бел ден: Му рекол здраво а тој го ранил со пушка

Во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје 56-годишниот С.Д. пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот на улицата “Лазар Поп Трајков“ додека го туркал својот моторцикл го поздравил Д.М.

Овој пак влегол во зградата, а по кратко време излегол од неа и со воздушна пушка го застрелал С.Д. во пределот на десната потколеница.

С.Д. побарал лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар била костатирана телесна повреда и бил пуштен на домашно лекување.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: