22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев упати сочуство по повод смртта на македонскиот генерал

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, испрати писмо со сочувство за смртта на генерал-полковник и првоборец Тодор Атанасовски до неговото семејство, во кое се вели дека „длабоко нè погоди веста за смртта на уште еден од големите луѓе, великани на македонската државност и независност“.

„Генерал-полковник Атанасовски беше еден од оние великани со силна морална константа и живот доследен на неговите највисоки професионални етички принципи и пример за многу генерации.Горди сме што бевме дел од времето на неговиот активен, длабоко рационален и разумен придонес во пресудните моменти од современа Македонија. Неговиот глас на разум, кога напаѓаа стихиите на злото, отвораше излезни перспективи.

Ќе ни недостига генерал-полковник Тодор Атанасовски. Ќе ни недостига неговата мисла кога велеше дека секоја демократија е автентична и дека треба сами да ја градиме, а не да преземаме туѓа“, се вели во писмото со сочувство за смртта на генерал-полковник Тодор Атанасовски.

Премиерот Заев уште пишува дека „ќе ни недостига првоборецот кој рече: Македонија може да излезе од сегашната криза, ако ја прифати филозофијата на борците од 1941 година – Македонците ништо не може да направат за себе, ако тоа не го направат и за другите. И другите етнички ентитети не може ништо да направат за себе, ако тоа не го направат и за Македонците!“ – Вечна му слава“, се вели во писмото со сочувство за смртта на првоборецот и генерал-полковник Тодор Атанасовски.

Спонзорирано: