22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Коен: Трамп го одобри состанокот со Русите во 2016 година

Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, рече дека американскиот претседател однапред знаел за состанокот што се одржа во јуни во 2016 година меѓу неговите помошници и руската делегација, пренесуваат американските медиуми. Русите тогаш понудиле да му помогнат на Трамп за претседателските избори со тоа што ќе објавуваат информации за неговата противничка Хилари Клинтон.

Според извештаите на Си-ен-ен и Ен-би-си, Коен тврди дека бил присутен кога синот на Трамп му рекол на татка си за понудата на Русите да се сретнат и дека Трамп го одобрил тоа. Коен, кој и самиот е под истрага, наводно рекол дека е спремен да сведочи за ова пред специјалниот истражител Роберт Мулер, кој ја води истрагата за наводната вмешаност на Русите во американските избори за претседател во 2016 година.

Ако ваквите тврдења се покажат точни, тоа ќе биде пресврт и чекор кон докажувањето дека постоела средба меѓу тимот на Трамп и Русите насочена кон тоа да му се помогне на Трамп да победи на изборите.

Трамп, син му и неговиот правен тим постојано велеа дека претседателот не знаел за состанокот сè додека за него не почнаа да се шират информации во јавноста во јули минатата година. Синот на Трамп, неговиот зет Џаред Купер и неговиот тогашен менаџер Пол Манафорт се сретнаа во „Трамп тауер“ во Њујорк на 9 јуни 2016 година со влијателната руска правничка Наталија Веселнитскаја.

Спонзорирано: