14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обид за силување ја потресе Македонија

Струмичанец се обидел да силува 20-годишна жена во нејзиниот дом. Според полицијата, изутринава во 2.30 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица, Д.С.(20) пријавила дека истата вечер околу 1 часот, додека спиела во својот дом со своите деца, 32-годишниот В.С. (32) почнал да тропа на влезната врата по што насилно ја отворил и се обидел да изврши обљуба врз неа.

В.С. е приведен и задржан во полициската станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.