8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Идентификувањето на жртвите во Атина ќе трае со денови

Форензичарите продолжуваат со процесот на идентификација на жртвите во еден од најголемите пожари што ѝ се случи на Грција. Во пожарот што беснееше во понеделникот вечерта во Атина и околината загинаа 83 луѓе, а повеќето од нив се целосно изгорени и не е можно веднаш да бидат идентификувани.

Форензичарите сега ги споредуваат нивните ДНК со примероци од нивните роднини. Грчките медиуми пренесуваат дека процесот на идентификација ќе потрае неколку дена.

Во меѓувреме продолжува пребарувањето евентуални жртви од куќа во куќа, а припадниците на крајбрежната стража и нуркачи го пребаруваат морето. Како што пожарот се засилувал, така многу луѓе почнале да бегаат кон плажите, но интензитетот на ветерот и чадот натерале многумина од нив да влезат во морето или да скокаат од карпите.

Спонзорирано: