5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери ги откажа сите активности за да присуствува на комеморативна седница во Косово

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги откажа сите активности за денеска за да присуствува на комеморативната седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи.

Една од неговите денешни активности беше и седницата на која новите членови на Државната изборна комисија требаше да дадат свечени изјави. Од Собранието утрово соопштија дека настанот се одложува, без да ја наведат причината за тоа.

„Давањето свечени изјави на новоизбраните членови на Државната изборна комисија, кое требаше да се одржи денеска, е одложено“, се вели во кусото соопштение од Собранието. Подоцна од таму стигна соопштение дека сите активности на Џафери се одложени.