23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Викендов сончево време, а потоа повторно промени – еве што прогнозираат синоптичарите

Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура ќе се движи од 21 до 33 степени.

За време на викендот во поголем дел од земјава времето ќе биде посончево и потопло време, но во северните и западните планински предели не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Во почетокот на следната недела повторно ќе биде променливо облачно, на повеќе места и нестабилно.

Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи благ пораст.