10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ова е единственото место во Америка каде со убиство можете да поминете неказнети (Видео)

Поради границата на дури три држави, постои мал дел земја во националниот парк Јелоустон каде законите технички не се применуваат.

Оваа локација, која е наречена „зона на смртта“, прв пат го освоила вниманието на јавноста 2005 година благодарение на професорот Брајан Калт од Универзитетот Мичиген.

Во есеј под назив „Совршен злочин“ Брајан истакнал дека, иако поголем дел од паркот се наоѓа во државата Вајоминг, помал дел се протега преку Монтана и Ајдахо.

Меѓутоа, конгресот сметал дека паркот треба да биде под контрола на Вајоминг, што се чини разумно, но токму поради тоа се јавуваат одредени проблеми.

Поради мало подрачје кое се наоѓа во Ајдахо, злочин на оваа локација може да биде извршен, но судењето би било невозможно.

Причината е затоа што, според шестиот амандман, обвинетиот има право на судење од порота од округот во кој го извршил злочинот. Проблемот е што во овој дел нема жители.

Во видеото во прилог погледнете за што се работи.

Спонзорирано: