22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Карпош ќе собира донации за жртвите од пожарите во Грција

Општина Карпош отвора два пункта за собирање донации за жртвите и настраданите од пожарите во Република Грција. Првиот пункт ќе биде во спортската сала на училиштето „Лазо Трповски”, во Карпош 3.
Вториот пункт е во спортската сала на училиштето „Владо Тасевски” во населбата Козле.

Локалната самоуправа воведува и дежурства за прибирање на донациите.

Пунктовите ќе бидат отворени од 12:00 до 18:00 часот во текот на денешниот ден и утре, додека за време на викендот од 10:00 до 14:00 часот.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, ги повика сите граѓани, фирми и организации да ја покажат својата хуманост и да донираат дел од потребните продукти: вода, конзервирана храна, средства за хигиена и за дезинфекција, како и пелени за бебиња.

„На денот кога одбележуваме 55 години од катастрофалниот скопски земјотрес, да се солидаризираме и да подадеме рака кон Атина, која во минатото придонела во обновата на Карпош. Улицата Атинска, која се наоѓа во урбаната заедница ‘Владо Тасевски’ (Млечен), е потсетник на хуманоста што Атина ја покажала кон Карпош. Сега е време ние да возвратиме“, рече Богоев.

Во хуманитарната акција се приклучуваат и голем број активисти и хумани сограѓани од Карпош.
Исто така, сите граѓани имаат можност да донираат и финансиски средства на посочените трансакциски сметки.

Спонзорирано: