14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Ирската авиокомпанија „Рајанер“ укинува летови и дели откази

Ирската авиокомпанија „Рајанер“ соопшти дека може да дојде до укинување на 300 работни места за пилоти и друг персонал бидејќи ја намалува флотата во Даблин за 20 отсто. Вработени во Италија, Шпанија, Португалија и Белгија стапија во штрајк барајќи подобри услови за работа.Четвртина од вкупниот број пилоти во Даблин во средата започнаа штрајк во траење од 24 часа, трет по ред во изминатите две недели.

Во зимската сезона се очекува да бидат укинати неколку рути од Даблин, како резултат на наналувањето на флотата во домашната база на 24 од 30 авиони.

Од „Рајанер“ соопштија дека поединечни рути можат да се соочат со намалена фреквенција на сообраќај. Нискотарифната авиокомпанија, најголема во Европа според бројот на патници, во моментов се соочува со најлошиот период и застој во работата, каков што не доживеале во изминативе три децении од нивното работење.

Спонзорирано: