20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Експлозија пред aмбасадата на САД во Пекинг

Кинеските медиуми објавија дека една жена, која сакала да се запали пред Американската амбасада во Пекинг, била притворена.
Прво светските медиуми и агенции објавија дека пред Амбасадата на САД во Пекинг се случила експлозија, но тоа го негираше еден локален весник, во кој се вели дека пред Амбасадата на САД е уапсена жена која се полеала со бензин со цел да се запали.

Британската агенција Ројтерс наведува дека не може да ја потврди информацијата на кинескиот весник и дека очевидец им кажал дека видел како кинеската полиција проверува возило паркирано пред Амбасадата на САД.

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа чад од наводната експлозија. Ројтерс наведува дека друг очевидец видел седум или осум полициски возила во близина на американската амбасада, како и дека е блокиран патот во близина на комплексот на амбасадата.

На фотографиите на Твитер се гледа големо количество чад и возила слични на полициските во североисточниот дел на Пекинг.
Американската агенција вели дека кинеската полиција сè уште не одговорила на повикот да коментира што се случило.

Во меѓувреме, се огласи Американската амбасада во Пекинг и кажа дека станува збор за експлозија и дека едно лице ја активирало бомбата.