24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев со еден потег ги разби сите лажни шпекулации: Опозицијата во шок

Немаме повлечено пријави од обвинителството поднесени против ексвладата вклучувајќи ги и функционерите на ДУИ, рече премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Сурија Рушити, пратеник од Алијанса за Албанците праша до каде е процесуирањето на пријавите, додавајќи дека не тврди дека имало криминал, туку имало сомненија за тоа.

„Тоа што го знам го гледам од медиумите. Пријавите се процесуирани од институциите. Ние немаме повлечено ниту една. Некои од пријавите се и во судски постапки, а некои отфрлени бидејќи немало докази“, рече Заев.

Кривичните пријави се поднесени по објавените прислушкувани разговори. Во 2015 година, во интервју, Заев рече дека пријавите се за Бујар Османи и Муса Џафери. Тогаш, Заев тврдеше дека има сомненија за направен криминал од тогашната коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ.

Рушити немаше дополнително прашање, но рече дека Заев мора да знае што се случува со пријавите и постапките, имајќи предвид дека тој ги поднел пријавите.