24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАСВЕТ

Паника во Грција по силниот потрес – ова се деталите

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Самос, наведе грчката новинска агенција АНА.

Агенцијата додаде дека потресот се случил во 10:18 часот, на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на плажата Маратокампос. Земјотресот се почувствувал ширум островот.

Грција и понатаму е во шок поради катастрофалните пожари кои го опустошија предградието на Стина и во кои според последните информации настрадаа најмалку 80 лица.